Blog
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид и оваа година се вклучија во еколошката акција „Генералка Викенд“ која е организирана од Општина Охрид. Оваа акција се спроведе на 17.05.2024 година. Целта на акцијата беше да се собере отпадот од училиштниот двор и непосредната околина на нашето училиште, а со тоа да се допринесе кон […]
На 16.05 и 17.05.2024 година во Средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци се одржа XLI Државен натпревар за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, каде што учествуваа 21 стручно училиште. Нашите ученици постигнаа огромен успех и ги освоија следниве награди: I место – Машински техничар – Давид Бујароски (ментори Тоде Дукоски, Меланија Анѓелкоска и […]
На ден 11.05.2024 во Скопје се одржа Државниот натпревар по Англиски јазик за учениците од средните училишта. На овој натпревар учениците Димитар Велкоски од II-3 клас и Марко Попоски од II-4 клас под менторство на професор Елизабета Спировска Милошевска освоија трета награда. На учениците и менторот им честитаме за постигнатиот успех.
На ден 10.5.2024 г. во СОУ ,,Коста Сусинов” во Радовиш се одржа традиционалното Образовно рандеву МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта на Македонија) на кое рандеву како Центар учествувавме во следниве категории: 1. Интервју за работа на македонски јазик; 2. Веб-страница; 3. Бизнис план; 4. Поетска творба; 5. Фотографија; 6. Јавен говор; 7. Штанд. […]
Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија за учебна 2023/2024 година Екстерните испити од државната матура во јунска испитна сесија 2024 година се со почеток во 10:00 часот и ќе се реализираат во следниве термини: 01.06.2024 – македонски јазик и литература 08.06.2024 – англиски јазик, математика Интерните испити во јунска испитна сесија во учебна 2023/2024 година […]
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2024/25 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2024/25 година Во I година во учебната 2024/25 година ќе се запишат вкупно 277 ученици во 10 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за : МАШИНСКА СТРУКА – 84 ученици, 3 паралелки ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА […]
На 25-ти и 26-ти април 2024 година во хотел Дрим во Струга се одржа годинешниот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. На овој натпревар нашето училиште се претстави со ученичката компанија „Green Shield“ составена од учениците Мелани Тасеска од II-4, Јана Кузманоска од II-4, Кети Јоноска од II-4, Ангелина Симиџиоска од I-5 и […]
На ден 25 април 2024 година, во периодот од 12:00 до 16:00 часот во Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна) се одржа саем на образование, на кој присуствуваше и нашето училиште. Учениците од основните училишта од Охрид ја имаа можноста да се информираат за можностите што ги нуди ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” за нивното идно образование […]
Во периодот од 22.4. до 25.4.2024 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се одржа Државниот натпревар по роботика, електроника и програмирање, на кој учествуваа и нашите ученици, Бобан Кочески и Јорданчо Тупаноски од IV-3 клас, како и 52 ученика — матуранти од средните училишта во Република Македонија. Ментор на нашите […]
На ден 19.4.2024 г. во амфитеатарот на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа панел-дискусија под наслов: „Адикции кај младите“. Овој проект беше финансиски, целосно, поддржан од Здружението LEAD Лидери за едукација, активизам и развој. На претходно објавениот јавен повик за сите средни училишта од државата, тимот од ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид […]