Blog
Државен натпревар за учениците од Електротехничка, Машинска и Сообраќајна струка
- May 18, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 16.05 и 17.05.2024 година во Средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци се одржа XLI Државен натпревар за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, каде што учествуваа 21 стручно училиште. Нашите ученици постигнаа огромен успех и ги освоија следниве награди:
I место – Машински техничар – Давид Бујароски (ментори Тоде Дукоски, Меланија Анѓелкоска и Владо Трајчески)
I место – Техничар за патен сообраќај – Андријана Огненоска (ментори Наташа Гредоска, Ѓоко Милески и Весна Нанеска)
II место – Техничар за индустриска мехатроника – Дамјан Коцаревски (ментори Љупчо Балески и Владо Јанкулоски)
II место – Техничар за производно машинство – Христијан Маркоски (ментори Тоде Дукоски, Стојан Новески и Владо Трајчески)
III место – Електротехничар за компјутерска техника и автоматика – Ана Атанасовска (ментори Сања Јованоска, Владо Јанкулсоски, Јане Цаноски и Љупчо Балески)
пофалница – Електротехничар енергетичар – Арсениј Ѓоршески (ментори Владо Јанкулоски и Сашо Ѓорѓиески)
пофалница – Техничар за компјутерско управување – Филип Лозановски (ментори Тоде Дукоски, Меланија Анѓелкоска и Петар Пројкоски)
На натпреварот учествува и учениците Стефан Жилески од образовниот профил Електритехничар за електроника и телекомуникации (ментори Љупчо Балески, Билјана Аврамоска и Јован Шикоски) и Селмир Рамадан од образовниот профил Машински техничар за моторни возила (ментори Петар Пројкоски, Душко Цветаноски и Ангеле Буџакоски )
Им честитаме на учениците и менторите за постигнатиот успех
