Во периодот од 22.4. до 25.4.2024 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се одржа Државниот натпревар по роботика, електроника и програмирање, на кој учествуваа и нашите ученици, Бобан Кочески и Јорданчо Тупаноски од IV-3 клас, како и 52 ученика — матуранти од средните училишта во Република Македонија. Ментор на нашите ученици беше проф. м-р Сања Јованоска.
Честитки за учениците и менторот!