Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид и оваа година се вклучија во еколошката акција „Генералка Викенд“ која е организирана од Општина Охрид. Оваа акција се спроведе на 17.05.2024 година. Целта на акцијата беше да се собере отпадот од училиштниот двор и непосредната околина на нашето училиште, а со тоа да се допринесе кон почиста и позелена животна средина за сите.