Blog
На ден 13.04.2024 во ОУ „Христо Узунов“ се одржа регионалниот натпревар по англиски јазик за средните училишта. На овој натпревар учествуваа и ученици од нашиот училиштен центар при што постигнаа одлични резултати. Ученикот Кирил Крстески од I-4 клас го освои првото место, а Софиа Стојаноски исто така од I-4 клас го освои второтo место. Учениците […]
На ден 15.4.2024г. Единицата за безбедност на вода при Црвен крст од Охрид изврши кратко предавање за запознавање на спасителските дејности и регрутација на нови млади потенцијални спасителите на отворени води. На ова предавање присуствуваа четириесет ученици од нашиот Центар на возраст од седумнаесет и осумнаесет години.
На ден 9.4.2024 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина и Црвениот крст од Охрид. За оваа крводарителската акција беа собрани 20 крвни единици и нашиот Центар уште еднаш се покажа како општествено-одговорна институција. Дарувањето крв е највисок чин на човекољубие. […]
Во периодот од 4.4. до 6.4. тимот од Trashpinger во состав на: Ана Атанасовска, Ана Спироска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, ученици во III-3 клас, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успеаја да добијат грант во износ од 120 000 денари за имплементирање на својата апликација. Најпрво нашиот тим успеа да се пласира […]
На 08.03.2024 година во просториите на ЕВН Македонија во Скопје се одржа церемонијата на доделување на награди на ученички од средните училишта кои учествуваа на натпреварот на тема обновливи извори на енергија. Меѓу наградените беше и Ана Новеска ученичка во IV-4 клас во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика при ОЕМУЦ „Св. Наум […]
На ден 19.03.2024 година со учениците од нашето училиште, психологот на училиштето одржа работилница на тема „Страв од школски неуспех“. На работилницата беа истакнати формите на јавување на стравот, причините, компонентите, како и начините за надминување на истиот и вежби за намалување на стравот.
На 21.03.2024 година по повод Денот на екологијата, учениците од нашето училиште засадија фотинија и со тоа го разубавија училишниот двор. Исто така се спроведе еколошка акција за чистење на училишниот двор. Сите заедно да придонесеме за зачувување на животната средина.
На ден 19.03.2024 година учениците од трета и четврта година од образовниот профил електротехничар-енергетичар од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ги посетија ХЕ Глобочица и ХЕ Шпиље. Од страна на стручните лица на АД ЕСМ им беше презентирана работата и начинот на управување на хидроелектраните и разводните постројки. Ова е само еден дел од практичната настава која […]
Ученикот Бобан Кочески од IV-3 клас во периодот од 10.03 до 16.03.2024 година учествуваше на Еразмус+ проект Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, кој се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет. За своето учество Бобан Кочески се здоби со меѓународно признат […]
По повод 17 Март, Денот на крводарителството, во просториите на Црвениот крст од Охрид се одржа манифестација во чест на сите крводарители кои несебично ја донираат својата крв за да спасат човечки животи. Годинава, ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид доби плакета за особен придонес во развојот на крводарителството меѓу младите.