Blog
Посета од делегацијата на Стопанската Комора на Македонија на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- November 14, 2026
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Директорот на општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“, Сашо Недески пред претседателот Азески и делегацијата од Стопанската Комора на Македонија (д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на СКСМ, д-р Никица Блажевска, Мојсоски, потпретседател на УО на СКСМ, м-р Анотони Пешев, извршен директор на Комората и Кирил Коровешоски, директор на ГС1 Македонија), посакувајќи добредојде имаше чест да ги претстави работните простории на училишниот центар, сервисниот центар, кабинетите за реализација на учењето преку работа и воспоставување дуален систем на образование. Притоа ги запозна со динамиката за реализација на грантот од Фондот за предизвици кој во соработка со компаниите Костал, ЛТХ Леарница, ОДВ Електрик и Комората е добиен од 2021 година и комплетно ќе се реализира на почетокот од 2027 година, а се состои од грант во опрема за машинска струка и мехатроника за осовременување на наставата во училишната работилница. Воедно беа презентирани комплетно опремените кабинети за пневматика и хидраулика, енергетика, електроника и автомеханичарската работилница кои се опремени со средства од РЦФ фондот, Локалната самоуправа и Градоначалникот на Општина Охрид, а инфраструктурно целосно реновирана преку проект реализиран од МОН.
За соработката и вклученоста во дуално образование на преку 80 компании и фирми, каде нашите ученици реализираат учење преку рабора кај работодавч, од страна на Претседателот на Комората Азески беше доделена плакета за успешната соработка на училиштето и партнер компаниите за што им изразуваме искрена благодарност.







