Blog
Државен натпревар за ученички компании
- April 26, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 25-ти и 26-ти април 2024 година во хотел Дрим во Струга се одржа годинешниот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. На овој натпревар нашето училиште се претстави со ученичката компанија „Green Shield“ составена од учениците Мелани Тасеска од II-4, Јана Кузманоска од II-4, Кети Јоноска од II-4, Ангелина Симиџиоска од I-5 и Софија Кецкароска од I-5 клас под менторство на професорот Љупчо Балески при што го претстави својот производ Автоматизиран систем за контрола на параметрите на стаклена градина.
На овој натпревар учествуваа 24 ученички компании од 22 училишта од 12 градови од Македонија меѓу кои беше и нашата компанија.
Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел претставниците од ученичките компании имаа усна презентација, а во вториот дел ги претставија своите услуги или производи на своите штандови. Овој натпреварот претставува едно позитивно искуство за нашите учениците кои за првпат се претставија пред стручната жири комисија.