На ден 25 април 2024 година, во периодот од 12:00 до 16:00 часот во Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна) се одржа саем на образование, на кој присуствуваше и нашето училиште. Учениците од основните училишта од Охрид ја имаа можноста да се информираат за можностите што ги нуди ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” за нивното идно образование и кариера.