Blog
Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по Македонски јазик и литература заедно со учениците од III-1 клас ни подготвија новогодишен скеч по повод Патрониот празник на нашиот електромашински училиштен центар Св. Наум Охридски – Охрид. Среќна Нова 2022 година!
На 30.11.2021 година во организација на Македонскиот центар за граѓанско образование во Скопје се одржа првиот дигитален саем на средно стручно образование. На овој дигитален саем зедоа учество и професорите Љупчо Балески и Гоце Георгиевски, како и учениците од IV-5 клас: Евгенија Шулевска, Марио Анѓелкоски и Христијан Бајмакоски, кои ги изнесоа своите искуства од одвивањето на […]
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на наградниот литературен и ликовен конкурс при Општинската организација Црвен крст од Охрид на тема: „Заедно за убав и хуман свет“ и освоија прво, второ место и пофалница. Литературен конкурс: Ученичката Андријана Огненоска од I-С клас освои прва награда за најдобра поетска творба, а ученикот Никола […]
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, денес 12.11.2021 година во 10:30 часот во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ во Охрид беше спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Во показната вежба учествуваа учениците и наствниците од првата смена. Вежбата се реализира според претходно утврдено и разработено сценарио […]
Со појавата на пандемијата на Covid-19 дојде до големи промени во начинот на изведувањето на наставата. Во голем број земји во Европа, настана прекин во изведувањето на настава со различно траење (од неколку недели, па се до неколку месеци), а во некои земји наставата продолжи да се изведува на далечина. Во тие моменти се забележа […]
Почитувани, Ми претставува посебна чест и задоволство да Ве известам дека конзорциумот составен од компаниите Kostal, ODW-Elektriik, LTH-Learnica и OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид го добија грантот за набавка на современа дидактичка опрема во вредност од 580.000 евра од RCF-fond поддржан од германската KFW банка кој треба да се реализира во наредниот период.Изразувам посебна […]
На ден 21.9.2021 г. (вторник), учениците од I-A клас од нашиот училиштен центар заедно со класниот раководител, професорката по Македонски јазик и литература, Ирена Ралева Најдевска спроведоа еко-акција на тема: „Заштита и зачувување на животната средина“. Целта на еко-акцијата беше подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина. Да се грижиме за животната […]
На ден 21.09.2020 година беше промовирана четвртата генерација ученици во дуално образование од профилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство. Директорот на училиштето, Сашо Недески им посака на учениците да се стекнат со што поголемо знаење како во училиштата, така и во компаниите. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во […]
За искуството во спроведувањето на концептот на дуалното образование свој осврт за порталот Охридњуз даде директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид професорот Сашо Недески. Во својот осврт тој истакна дека веќе четврта година ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид успешно ја реализира наставата во дуално образование со компаниите „Костал“,„ ЛТХ-Леарница“ и „ОДВ-Електрик“. За успехот […]
Вработувањето во приватниот сектор по завршување на средното образование е предизивик за многу млади лица. КОСТАЛ Македонија и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид реализираа обука за 18 ученици од четврта година, фокусирана на напредни производствени технологии во автомобилската индустрија. Поддржана од Амбасадата на Швајцарија и проектот E4E@мк, обуката создава можност за матурантите од средното стручно […]