Blog
Оглас за запишување на редовни ученици во I година во учебната 2024-2025 година
- April 27, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2024/25 година, објавува:
ОГЛАС
За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2024/25 година
Во I година во учебната 2024/25 година ќе се запишат вкупно 277 ученици во 10 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 84 ученици, 3 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА –143 ученици, 5 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 25 ученици, 1 паралелка
СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 25 ученици, 1 паралелки
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ја изготвува и објавува МОН на официјалната ВЕБ страна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари (по предметите: мајчин јазик, англиски јазик ,природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија и по предметите кои се значајни за струката) .
–извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, преку електронско аплицирање на следниот линк :https>//e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку кориснички сметки на Schools.mk.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски уписен рок со две пријавувања, преку електронско аплицирање на следниот линк :https>//e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку кориснички сметки на Schools.mk.
Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок се врши од 20 јуни до 25 јуни до 15,00 часот 2024 г. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 24 јуни 7,00 до 17,00 часот , и на 25 јуни 2024 од 07,00 до 15,00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната на училиштето.
Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши од 01 и 02 јули 2024 до 15,00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е 01 јули 2024 од 07,00 до 17,00 часот , и на 02 јули 2024 од 07,00 до 15,00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината , испити за побрзо напредување, доколку има слободни места после јунскиот рок можат да се пријават на 21 август од 00 до 15,00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 21 август од 07 до 17 часот .Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објават на 22 август 2024 година, најдоцна до 12,00 часот на огласна табла на училиштето и на веб страната.
НАПОМЕНА : По објавувањето на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето задолжително ја подигнуваат целокупната документација во рок од 24 часа.
За подетални информации во врска со понудените профили можете да најдете во Огласот за прием на ученици на следниов линк
Оглас за запишување редовни ученици во прва година во учебната 2024-2025 година
18 Април 2024 година
Од училишната комисија при
ОЕМУЦ“ Св.Наум Охридски“ –Охрид