Superschools 2025-2026: „CRAFTROOTS (Connecting Roots, Arts, Future and Tradition through Sustainability)“
CRAFTROOTS (Connecting Roots, Arts, Future and Tradition through Sustainability)
RYCO Superschools
Нашето училиште е едно од 100-те избрани средни училишта од Западен Балкан кои добија можност да бидат дел од програмата за размена на RYCO Superschools. Меѓу овие 100 училишта: 17 доаѓаат од Албанија, 20 од Босна и Херцеговина, 9 од Црна Гора, 11 од Косово, 23 од Македонија и 20 од Србија.
RYCO Superschools е програма за училишна размена во WB6 со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од мултидонаторски проект, кофинансиран од Европската унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
Проектот „CRAFTROOTS (Connecting Roots, Arts, Future and Tradition through Sustainability)“ е еден од 50-те избрани најдобри проекти кој е во соработка меѓу нашето училиште и Гимназија Обала од Сараево, Босна и Херцеговина. Преку овој проект ќе се реализираат две интеркултурни размени во периодот од 15 ноември 2025 до 15 април 2026 година. Секое партнер училиште ќе организира една посета на партнерското училиште во траење до 6 дена со група до 15 ученици и 2 наставници. Покрај двете размени, секое училиште ќе организира локална теренска активност за ширење информации за придобивките од ваквите проекти, важноста на неформалното образование, младинскиот активизам и регионалната соработка Координатори на проектот од нашето училиште се наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, додека координатори од Гимназија Обала од Сараево се наставниците Ирниса Фејзиќ-Алиќ и Аида Требињац.
Церемонијален настан: „Запознајте ги Суперучилиштата“
На 23 септември 2025 година, во Скопје се одржа церемонијалниот настан „Запознајте ги Суперучилиштата“, во организација на Regional Youth Cooperation Office – RYCO. На настанот беа потпишани 23 договори за нови, но и продолжени соработки меѓу училишта од Западен Балкан.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, под координаторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, по втор пат го доби престижниот статус „Суперучилиште“ во рамките на оваа програма.
Во новиот проект, кој ќе се реализира во соработка со Гимназијата „Обала“ од Сараево, ќе учествуваат по 15 ученици од двете училишта. За време на двете разменски посети, учениците ќе бидат сместени во семејства, што ќе овозможи продлабочување на пријателствата, градење доверба, развој на меѓукултурно учење и дијалог, во согласност со целите на Програмата за размена на училишта во Западен Балкан.
На настанот се обратија:
г-дин Фатмир Сабриу, Државен секретар, Министерство за социјална политика, демографија и млади
г-ѓа Елена Ивановска, Државен секретар, Министерство за образование и наука
г-дин Александру Албу, Шеф за операции, Делегација на Европската Унија во Северна Македонија
г-дин Кевин Маас, Раководител за култура, Амбасада на Сојузна Република Германија во Северна Македонија
г-дин Владимир Ѓорѓевски, Раководител на локалната подружница на RYCO во Северна Македонија
г-ѓа Мимоза Гаврани, Проект менаџер на програмата „Суперучилишта“
Со повторното добивање на статусот „Суперучилиште“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ја потврдува својата посветеност на регионалната соработка, интеркултурниот дијалог и развојот на младите.
Обуката за наставниците – координатори во Охрид
Како дел од четвртиот Отворен повик на програмата за суперучилишта, околу 100-тина наставници од регионот, координатори на одобрените проекти за Суперучилишта, се придружија на Обуката за наставници во периодот од 11-14 октомври 2025 година во Охрид.
Нашетото училиште, стана дел од оваа програма преку проектот “CRAFTROOTS” во соработка со Гимназијата Обала од Сараево, Босна и Херцеговина, под координаторство на наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески.
Бидејќи наставниците остануваат во срцето на секоја приказна за Суперучилишта, настанот послужи и како можност за учење и како прослава на луѓето што ја обликуваат иднината на регионалната соработка. Интерактивната агенда комбинираше работилници, практични вежби и инспиративни дискусии, сите дизајнирани да им помогнат на наставниците да ги подобрат своите пристапи кон меѓукултурно учење и размена, под водство на главниот експерт и тренер, Недим Крајишник.
Наставниците беа официјално поздравени од тимот на RYCO, вклучувајќи го и раководителот на проектот за Суперучилишта, Мимоза Гаврани-Симо и раководителот на локалната филијала, Владимир Ѓорѓевски, заедно со клучниот партнер на RYCO, GIZ, претставен од раководителот на тимот, Јасмин Ваљевац.
Реализирана првата мобилност на ученици и наставници во Сараево, Босна и Херцеговина
Реализирана втората мобилност на ученици и наставници во Охрид, Македонија
Успешно реализирана втора мобилност во Охрид – RYCO Superschools
Во периодот од 30.03 до 03.04.2026, во Охрид се реализираше втората мобилност во рамките на проектот RYCO Superschools, со учество на вкупно 30 ученици
15 ученици од Гимназија „Обала“ од Сараево, БиХ, под менторство на професорките Аида Требињац и Ирниса Фејзић-Алић
15 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, под менторство на професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески
Активностите започнаа со топол пречек и запознавање во училиштето-домаќин, по што следеше обиколка на кабинетите по информатика, роботика, 3Д печатење, како новиот реновиран дел со работилниците
Преку интерактивната работилница „Јас во твоите очи“, учениците, кои веќе се познаваа од претходната размена во Сараево, дополнително ја зајакнаа меѓусебната доверба и ги продлабочија веќе воспоставените пријателства
Во текот на мобилноста, учесниците го истражуваа културното богатство на Охрид – старата чаршија, традиционалните занаети (Охридски бисер, кожарство, рачно изработена хартија, филигран), како и знаменитостите Св. Софија, Св. Јован Канео, Античкиот театар, Плаошник и Самуиловата тврдина
Беше реализирана и посета на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, каде учениците се запознаа со можностите за идно образование
Посебен впечаток остави посетата на Заливот на коските и манастирот Св. Наум, каде се одржаа активности за помирување преку работилницата „Моите вредности“
Работилницата „Да му дадеме втора шанса на бакарот“ беше збогатена со гостување на сопственичката на занаетчиска работилница за изработка на накит од бакар, Марија Маринова Поп Маркова, која одржа инспиративна презентација и ги запозна учениците со техниките и значењето на овој традиционален занает
Креативноста дојде до израз преку работилницита: „Изработка на накит од хартија“
Работилницата „Јазични траги“ беше реализирана како еден вид откривање и споредување на архаични зборови од македонскиот и босанскиот јазик, при што учениците низ пронаоѓање на сличности и разлики согледаа колку јазикот, всушност, нè поврзува уште повеќе
Како резултат на заедничката работа, учениците изработија веб-страница посветена на охридските и сараевските занаети!
Погледнете ја тука: www.craftroots.mk
Мобилноста заврши со евалуација, споделување искуства и идеи за понатамошна соработка, како и заедничко фотографирање
Овој проект уште еднаш покажа дека преку соработка, култура и пријателство можеме да градиме мостови меѓу младите во регионот












































































