Blog
Во пресрет на уписите за средно училиште кои ќе се изведат во текот на месец јуни, професори од сите струки при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од 23 до 26. 05.2022 година ќе го претстават нашиот училиштен центар пред деветоодделенците од основните училишта од Охрид и Струга. При презентациите ќе бидат претставени […]
Во периодот од 12.05 до 15.05.2022 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се 10 ученици и 5 професори од Техничкото училиште од Ваљево од Република Србија. Посетата е во рамките на потпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства. Во рамките на посетата беа […]
На 07.05.2022 година се одржа регионалниот натпревар по Англиски јазик за учениците од средните училишта каде зедоа учество и ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. При тоа нашите ученици забележаа одличен успех. Ученикот Виктор Попов од втора година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска освои прва награда. Ученичките Фросина Нечовска и Ана Спироска од […]
На 06.05.2022 година, во Велес се одржаа XXIX Државни натпревари на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта како и овогодинешното Образовно рандеву МАССУМ 2022 година. Домаќин на XXIX Државни натпревари беше ССОУ „Коле Неделковски“ и на овој натпревар зедоа учество и учениците од електротехничката, машинската и сообраќајната струка од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од […]
Почитувани ученици, Согласно наставните планови за сите ученици од прва, втора и трета година од сите струки и профили предвидено е изведување на феријална пракса за време на летниот распуст на учениците. При изведувањето на феријалната пракса секој ученик треба да водат и Дневник за изведување на феријлна пракса. Примерокот од Дневникот можете да го […]
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2022/23 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2022/23 година Во I година во учебната 2022/23 година ќе се запишат вкупно 277 ученици во 10 паралелки со […]
На 25.03.2022 година, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар за учениците од трета година од електротехничката и сообраќајната струка. На овој натпревар освен нашиот училиштен центар, зедоа учество и учениците од средните училишта „Ѓорѓи Наумов“ и „Таки Даскало“ од Битола и „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. При тоа нашите ученици: […]
На 16.03.2022 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на компанијата „Костал“ беше предадена вредна донација која се состои од компјутерска опрема. Опремата е составена од 13 преносни компјутери (лаптопи), 9 десктоп компјутери, 4 рутери, еден сервер и останата мрежна опрема. Таа е наменета за подобрување на компјутерската […]
Со пригодна свеченост во просториите на Општина Охрид, денес, беа врачени сертификатите на наставниците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои беа дел од обуката за наставници и ученици во „Костал“ Македонија – „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обуката се реализира во рамки на проектот за унапредување на средното стручно образование во општините. Проектот е подржан […]