Вести
Учениците од електротехничката струка од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника кои завршија прва година започнаа со изведување на феријалната пракса кај нашите партнери Костал и ЛТХ Леарница. Феријалната пракса ќе се изведува во периодот од 11.06.2019 година до 28.06.2019 година и има за цел учениците да се запознаат со процесот на производство и принципот на […]
Се известуваат сите редовни и вонредни ученици дека екстерните испити од Државната матура во јунската испитна сесија во 2019 година се со почеток во 10:00 часот и ќе се реализираат во следните термини: 01.06.2019 година Англиски јазик 08.06.2019 година Македонски јазик и литература 11.06.2019 година Историја и Бизнис 13.06.2019 година Математика Интерните испити во јунската испитна сесија 2019 година се со почеток во 09:00 часот и ќе се реализираат […]
Во рамките на своите активности, а поврзани со уписите на учениците во средно образование во учебната 2019/2020 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на 21.05.2019 година организира „Отворен ден“ за учениците од завршните одделение од основните училишта од Охрид и околината каде ги презентираше своите можности за образование пред идните средношколци. Учениците ги […]
На 10.05.2019 (петок) нашата ученичка компанија со свои претставници учествуваше на национален натпревар на ученички компании кој се одржа во трговскиот центар Веро во Скопје, каде имаа можност пред жири комисија, претставници од Junior Achievement кои воедно се организатори на овој настан, како и министерот за образование г-дин Арбен Адеми, преку штанд и презентација да […]
На 03.05.2019 во средното стручно училиште ,,Ѓорѓи Наумов’’ во Битола се одржаа XXXVIII државен натпревар во електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Нашето училиште го претставуваа 6 ученици заедно со нивните ментори при што постигнаа забележителни резултати. Ученикот Борче Стевоски од електротехничката струка и образовниот профил електротехничар – енергетичар, под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Љубица Смилевска […]
Од 02. до 05. мај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид беше домаќин на Седмиот натпревар од областа на електротехниката, машинството и мехатрониката „Балкан Јуниор 2019“ каде зедоа учество 16 ученици од 8 средни технички училишта од балканските земји. Свеченото отворање на натпреварот се одржа на 03. мај во просториите на ОЕМУЦ „Свети Наум Охриски“ […]
На 19.04.2019 година (петок) во просториите на Природноматематичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по географија за учениците од сите државни средни стручни училишта. На натпреварот под менторство на професорката Менка Ѓореска зедоа учество ученичките од прва година од сообраќајната струка Ана Трајкоска и Кристина Божиноска кои постигнаа одлични резултати. Ученичката Ана Трајкоска со […]
На 12.04.2019 година (петок) нашето училиште со свои претставници учествуваше на овогодинешното „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ, кое се одржа во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево. Нашите ученици под менторство на професорите Билјана Попоска, Билјана Божиноска и Бојан […]
На 16.04.2019 година (вторник) во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид на директорот професор Сашо Недески му беше предадаена донација од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Донацијата во вредност од 1 124 евра во денарска противредност се состои од 5 комплети со алатки за изведување на практичната обука за профилот Техничар за […]
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2019/20 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2019/20 година Во I година во учебната 2019/20 година ќе се запишат вкупно 424 ученици во 13 паралелки (356 […]