Blog
Обука за финансиска писменост
- February 8, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 6.2.2024 г. до 8.2.2024 во рамки на проектот „FINYES“ членовите на ЛМО при ОЕМУЦ од Охрид имаа можност да присуствуваат на обуката за финансиска писменост. Обуката беше одлична можност за младите да се запознаат со финансии на несекојдневен начин. Преку симулација во 3 рунди по 2 периоди го унапредија своето знаење за финансии, препознавање на можностите и инвестициите.
Соработката помеѓу претставникот на ЦЕФЕ Македонија и ЛМО при ОЕМУЦ во оваа прилика се покажа како успешна благодарение на тимскиот дух, довербата и посветеноста.
Обучувачи на обуката беа проф. Ирена Ралева-Најдевска и проф. Меланија Анѓелкоска, додека ментор беше интернационалниот ЦЕФЕ обучувач – Валентина Тодороска.
Изразуваме огромна благодарност и за соработката помеѓу ОЕМУЦ и Младинскиот центар од Охрид затоа што ни обезбедија просторија за спроведување на обуката.
Проектот „ Финансиска писменост за млади претприемачи – Fin Yes“ е поддржан од страна на U.S. Embassy North Macedonia
#FINYES #finyesproject #cefemacedonia











