Вести
Во периодот од 25.12.2023 до 29.12.2023 година, во нашиот Центар, успешно беше реализирана хуманитарна предновогодишна акција, организирана од Ученичката Заедница на училиштето. Бидејки месецот декември е месец на желби, дарувања и насмевки, на иницијатива од Ученичката Заедница заедно со стручната служба, беше поставена кутија во холот на училиштето, во која што сите ученици имаа можност […]
На ден 26.12.2023 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на учениците од I година им беше одржано предавање на тема „Петарди НЕ-безбедност пред се“ организирано од МВР и Универзитетската Клиника за Пластична и Реконструктивна Хирургија. Предавањето беше одржано од д-р Ана Томевска вработена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид и […]
На 22.12.2023 година нашето училиште го одбележa денот на нашиот патрон Свети Наум Охридски, еден од најголемите македонски учители и носители на христијанството низ вековите. Токму поради величината на овој светец и учител, за неговите дела и заслуги, нашето училиште го носи неговото име, а ние, како потомци на неговата мисија, со гордост го чествуваме […]
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21.12.2023 година ги додели годинешните еТвининг награди. Ови награди се доделуваат во пет различни категории и тоа: најдобар проект од предучилишно образование, од основно образование, од средно образование, на тема екологија и на годишна тема (иновации и едукација) Овие награди, во форма на симболични статуетки, беа […]
На ден 18.12.2023 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”, во рамки на програмата за меѓуетничка интеграција беше одржана работилница на тема: ,,Да бидеме подеднакво важни и почитувани”. Оваа работилница беше во организација на педагогот Анастасија Ивановска, вработена во Центарот и се дискутираше за меѓуетнички односи меѓу учениците, за тоа колку е важно да […]
На ден 13.12.2023 г., во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид беше спроведена крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид и Црвен крст Охрид. За оваа крводарителската акција, којашто беше посветена на претстојното одбележување на нашиот патронен празник, беа собрани 44 крвни единици, што навистина е реткост и ОЕМУЦ уште еднаш […]
Во пресрет на Патрониот празник на нашето училиште ОЕМУЦ ,,СВ. Наум Охридски “ – Охрид, учениците од струката лични услуги, образовен профил – техничар за козметичка нега и убавина во соработка со козметичкиот салон ,,СПА Изида” од Охрид, а во посета на Домот за стари лица ,, Софија” во Битола, изведоа различни козметички постапки како […]
Во периодот од 30.11.2023 до 03.12.2023 Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија спроведе Обука, којашто беше реализирана во рамки на проектот: ,,Финансиска писменост за млади претприемачи” во која беа вклучени и професорките Ирена Ралева-Најдевска и Меланија Анѓелкоска кои се вработени во нашиот Центар. Целта на обуката беше да се обучат учесниците од средните училишта и факултетите […]
На ден 29.11.2023 г. учениците: Ангел Крстески од III-4, Един Мифтароски од III-4, Арсениј Ѓоршески од III-1, Александар Спасеновски од III-3 и Лија Камбер од III-K, учествуваа на конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни” која беше составена од: 1. Дискусија со тројца претставници од светот на бизнисот и претприемништвото кои го […]
На општинскиот натпревар по шах кој се одржа на 21.11.2023 година во просториите на ОУ „Братство Единство“, ученикот Иван Велкоски од III-4 клас го освои првото место, а ученикот Никола Целески од IV-4 клас го освои третото место. Двајцата ученици беа под менторство на професорот Валентино Костадиноски. Со освоените награди и двајцата ученици се стекнаа […]