По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на Младинскиот центар од Охрид се одржа квиз на знаење по мајчин јазик меѓу сите средни училишта од Охрид.
Учениците: Анастасија Стефаноска од I-4, Владимир Каланоски од II-4, Тео Петрески од III-3, Андријана Огненоска од III-C, Софија Кецкароска од I-5, Теона Стојановска од II-5, Лија Камбер од III-K и Бобан Кочески од IV-3, под менторство на проф. Соња Милошоска, учествуваа на овој настан и училиштето го претставија во најдобро светло.
Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик.