Вести
По повод Патрониот празник на нашето училиште и во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на 25 и 26.12. 2019 година организираше хуманитарна продажна акција. На оваа хуманитарна акција учениците се претставија со храна и новогодишни украси кои сами ги изработија. […]
Во пресрет на патрониот празник, Новата година и Божиќните празници ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид , на 27.12.2019 година (петок) со почеток во 18:30 часот организира свечена програма: Рецитал „Видение“ ( во чест на Свети Наум Охридски и 80 години од „Бели Мугри“- Кочо Рацин) Обраќање на директорот Сашо Недески Доделување благодарници, пофалници […]
Во рамките на активностите за реновирање на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , извршена е замена на надворешното осветлување со штедливо ЛЕД осветлување.
На 06.12.2019 година во СОУ “Гошо Викентиев” во Кочани, по шести пат се одржа натпреварот за избор на Лидер на струката од завршните години од средното стручно образование (електротехничката, машинската и сообраќајната струка), на кој успешно учество имаа и учениците на средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид. Во сообраќајната струка во образовниот профил техничар за […]
На ден 05.12.2019 година, во просториите на ОУ”Христо Узунов” беше одржан отворен час под мотото “Големи и мали градиме мостови”. Преку пријателство малите се почуствуваа големи, а големите во улога на учители на малите. И повторно желбата за знаења беше мостот кој ги поврзува. На часот и големите и малите доживеаа позитивна […]
На покана од директорот на „Техничка Школа“ – Ваљево , Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето на 05.10.2019 година, присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од директорот Сашо Недески. „Техничка Школа“ – Ваљево започнува со работа на 05.10. 1939 година како електромашинска школа во просториите на Гимназијата […]
Во рамките на активностите на Младинската организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид на 20.09.2019 година се изведе еднодневна екскурзија од едукативно-рекреативен карактер за учениците од прва до четврта година од нашиот Центар. Во рамките на едукативниот дел од екскурзијата, учениците ја посетија ХЕЦ „Глобочица“ при што се запознаа со процесот на производство на […]
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во соработка со Министерството за образование и наука се наоѓа во фаза на подготовка за опремување на една паметна училница со смарт табла, проектор и таблети како и за една конференциска сала. Донатор на целокупната електронска опрема е кинескиот производител „Хуавеј“. За таа цел на 13.09.2019 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум […]
Во соработка со транспортните претпријатија „Галеб“ АД Охрид, Омега Експрес и Ина Пупе Компани од Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа реновирани две училници. Реновирањето опфати поправка на подовите со поставување на ламинат кој беше донација од страна на компаниите како и поправка на електричната и компјутерската инсталација. На овој начин се изврши подобрување […]
Се известуваат сите ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дека новата учебна 2019-2020 година започнува во понеделник 02.09.2019 година и тоа: Прва смена во 07:30 часот: I (прва) и III (трета) година од сите струки Втора смена во 13:30 часот: II (втора) и IV (четврта) година од сите струки На сите ученици им посакуваме успех во […]