Вести
Под мототот „И учен и стручен“ започнува промоција на реформираното и подобрено средно стручно образование во Република Македонија. Повеќе информации можете да следите на www.facebook.com/iuchenistruchen Кампањата е во рамки на проект финансиран од ЕУ „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за стручно образование и обука и образование на возрасни“ Проектот го спроведува Британскиот […]
Со пригодна свеченост во просториите на училиштето, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на 23.12.2016 година беше одбележан 50-годишниот јубилеј на училиштето. Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски, во своето обраќање до присутните гости изрази голема благодарност до колективот на училиштето, но и до сите оние кои дале свој придонес од основањето до денес. Во […]
На ден 22.12.2016 година во изведба на драмската секција при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше изведена драмата „Чудата на Св. Наум“ во режија на Д-р Благица Хаџи Јованоска. Сценската изведба беше во рамките на одбележувањето на 50 години постоење на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Исто така во пресрет на патрониот празник на центарот во изведба […]
По повод патрониот празник „Св. Наум Охридски“ на ден 21.12.2016 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид се одржаа повеќе спортски активности. Учениците од сите години и од сите струки и профили зедоа учество во натпреварите по фудбал, баскет, пинг понг и шах. Целта на натпреварите во прв ред беше дружењето и забавата меѓу […]
По повод јубилејот 50 години постоење на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид и по повод Патрониот празник на училиштето, на ден 19.12.2016 година се организира Отворен ден за учениците и наставниците од основните училишта во Општина Охрид. На отворениот ден свое претставување имаа стручните активи од центарот. Учениците имаа можност да ги посетат кабинетите по […]
По повод 50-годишнината од постоењето на Општинскиот електромашински училишен центар „Св. Наум Охридски“ и во чест на патрониот празник „Св. Наум Охридски“ во периодот од 19.12 до 23.12.2016 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се одржат низа активности. Така во понеделник 19.12.2016 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Отворениот ден на […]