Blog
Работна средба „Учи паметно, работи стручно“
- February 1, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 31.01.2024 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на иницијатива на локалната самоуправа се одржа трета работна средба „Учи паметно, работи стручно“. Целта на оваа работна средба беше промовирање на можностите кои ги нуди дуалното образование, споделување на позитивните искуства, но и прилагодување на наставните програми на потребите на компаниите.
На оваа средба се обрати, раководителот на Сектор за образование, детска здравствена и социјална заштита, Димитар Спасески кој ја истакна силната подршка која ја дава Општина Охрид на процесот на дуалното образование. Заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакна дека стручното средно образование игра важна улога во формирањето на квалитетен кадар за фирмите и бизнисот.
Директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески истакна дека преку работната средба помеѓу трите стручни училишта и претставници од компаниите целта е да се разменат мислења што е позитивно што негативно за да се подобри врската меѓу нив, како и наставните планови и програми да се прилагодат на потребите на компаниите. Во оваа учебна година од 820 ученици во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, 450 се во дуална настава. Две генерации веќе завршија во дуалното образование и од нив неколку се веќе вработени во ЛТХ И Костал. Тие со подобар успех продолжуваат на факултет за што се расположени компаниите да ги стипендираат за по завршување на факултет да ги примат кај нив на работа. Имаме соработка за во дуално образование со 40 компании.
На средбата свое обраќање имаа и директор на ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Марјан Радески, директорот на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски, претставници од компаниите кои се партнери во дуалното образовани и учениците кои учат во дуални паралелки кои ги пренесоа своите искуства од примената на дуалното образование.





