Blog
Наши ученици учествуваа во програмата на RISE – програма за идни млади социјални и зелени претприемачи
- February 21, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 25.9.2023 г. до 20.2.2024 г. тимот од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” во состав на: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, сите од III-3 клас, заедно со менторката Ирена Ралева-Најдевска, со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger, учествуваа во програмата на RISE – програма за идни млади социјални и зелени претприемачи.
Во конкуренција од 31 пријавен тим, нашиот тим од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите седум тима од цела држава.
На 24.10.2023 г. тимот успешно го помина интервјуто со жири-комисијата и успеа да се пласира понатаму.

Од 4.11.2023 г. до 10.2.2024 г. тимот на TrashPinger учествуваше на 8 онлајн работилници како и на 3 работилници со физичко присуство кои се одвиваа во Public room во Скопје со цел, доусовршување на својата идеја, сѐ до денешниов главен настан (финале), кој се одржа во просториите на Фондот за иновации во Скопје.
Учениците имаа несекојдневна можност да ја претстават својата идеја пред стручното жири и иако беа единствен тим составен од средношколци, покажаа подготвеност и сериозност во својата намера за функционирање на апликацијата, така што своето училиште и градот Охрид воопшто, ги претставија во најдобро светло. Иако не успеаја да го освојат грантот од 3 000 евра, учениците и менторката имаа можност да стапат во контакт со многу претставници од бизнис заедницата, со преставници од невладини организации, стартапи, но и со амбасадорката Ирене Кетоф од Француската амбасада во Скопје.
Ова петмесечно усовршување на нивната бизнис идеја им обезбеди членство во клубот на алумни на RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs во кој членуваат 5 000 претставници од Западен Балкан.

Изразуваме огромна благодарност до целиот колектив од Центарот на чело со директорот Сашо Недески за поддршката додека траеше целиот овој процес на инкубација на идејата за мобилната апликација Trash Pinger
ARNO RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs
Фонд за иновации и технолошки развој
ARNO



