На ден 3.11.2023 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” беше изведена симулациска вежба за евакуација при пожар.
За таа цел, членовите на ЛМО при ОЕМУЦ активно беа вклучени во оваа вежба и заедно во соработка со Црвен крст од Охрид успешно ја спроведоа оваа вежба којашто беше наменета за учениците од прва и трета година.
Во улoги на: редари, актери, одговорни за успешно евакуирање на учениците и на професорите, младинците беа на висина на задачата и уште еднаш се покажаа во најдобро светло. Благодарност до тимот на Црвен крст од Охрид како и до сите младинци што беа вклучени во оваа показна вежба.