На ден 16.11.2023 г. учениците од нашиот Центар учествуваа на работилница на тема: ,,Ајде да зборуваме за видливото и невидливото насилство.”
Оваа работилница беше во организација на психологот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“- Ангелина Филкоска-Соколовиќ и учениците имаа можност активно да се вклучат во вежбите и да се едуцираат за да можат да го препознаат видливото и невидливото насилство.