Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Одржана трибина на тема ,,Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст”.
Одржана трибина на тема ,,Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст”.
- November 20, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
На ден 20.11.2023 г. ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од кои дел се членови на ЛМО, заедно со психологот Ангелина Филкоска-Соколовиќ беа учесници на трибина насловена како: ,,Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст”.
Овој настан беше во организација на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Тетово и Општина Охрид. Учениците имаа можност да ја проследат презентацијата како и да се вклучат во дискусијата со цел унапредување на благосостојбата и здравјето на децата и младите во нашата држава.
Настанот се одржа во големата сала во Општина Охрид.



