Blog
Еразмус + прокет „Зајакнување на претприемачките компетенции на практикантите од стручните училишта“
- November 17, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 3.11.2023 г. до 16.11.2023 г. во рамки на проектот Erasmus + одобрен од Европската комисија под назив: „SAPE Strengthening Apprentice on Entrepreneurship“ / „Зајакнување на претприемачките компетенции на практикантите од стручните училишта.“ под реф. број 2022-1-TR01-KA220-VET-000085298
во рамките на ЛМО при ОЕМУЦ беше спроведена седумнаесетчасовна обука – поделена во четири дена – врз 15 младинци кои ги развија своите компетенции да основаат или да водат свој бизнис поврзан или неповрзан со нивните технички струки.
Учениците научија:
Како да ги препознаваат претприемачките карактеристики, како да управуваат со ризикот, како да генерираат и да селектираат бизнис-идеи, како да ги постават своите цели, како да ја анализираат околината преку SWOT анализа, како да ги подобрат своите компетенции за пазар и маркетинг, како да произведуваат и да се организираат во тимови и на крај, како да изготвуваат финансиски план.
Обуката на учениците следува откако наставници и професори од три земји: Естонија, Турција и Македонија поминаа обука на обучувачи за претприемништво по ЦЕФЕ Методологија во септември 2023 во Анкара, Турција.
Под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска како фасилитатор на проектот, учениците се стекнаа со европски признати сертификати за учество во програмата на Erasmus +.
Благодарност до Јован Сталевски – претседател на CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија за поканата како училиште да се вклучиме во овој проект.




