Вести
Поради прекинот на наставната година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ продолжува изведувањето на on line наставата за сите ученици. Со цел полесно остварување на контактот на учениците со предметните наставници на Веб странава од училиштето додадени се и e-mail адреси на сите наставници. До нив можете да пристапите преку следниов линк Стручни активи
Почитувани ученици и родители. Наставниот процес во училиштето е прекинат, но тој треба да продолжи и да се реализира за оваа учебна година. Во таа насока започна реализацијата на проектот online – настава од страна на професорите во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ со тоа што класните раководители формираат ФБ-групи по класови. На тој начин се остварува директна […]
На 19.03.2020 година се изврши вонредна дезинфекција на сите простории во училиштето. Да ги почитуваме препораките за заштита од Министерството за здравство. На тој начин ќе го сочуваме нашето здравје и здравјето на нашите блиски.
Согласно препораките на МОН почнувајќи од утре 11.03.2020 година во следните 14 дена во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ нема да се изведува настава.
Во организација на Делегацијата на германското стопанство во периодот од 27 до 29 февруари во хотел „Монтана“ во Крушево се одржа работилница за развивање на наставните програми за трета година од квалификацијата од дуалното образиованиe „Техничар за индустриска мехатроника“. Поделени во повеќе работни групи, учесниците кои беа претставници од компаниите партнери во дуалното образование Дрекслермајер, […]
Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ продолжуваат да постигнуваат успеси на регионалните натпреварите. Имено, на регионалниот натпревар по математика за средните училишта кој се одржа во Охрид на 08.02.2020 година ученичката Радица Јанкулоска од III година во образовниот профил „Електротехничар за компјутерска техника и автоматика“ под менторство на професорката Ирина Димзова Тренеска ја освои втората […]
Со цел подобрување на практичната настава како и надградување на практичното знаење на ученици при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, се потпиша меморандум за соработка меѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и компанијата EVN. На овој начин ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ доби уште еден голем партнер кој ќе придонесе кон подобрување на практичните знаења на учениците и […]
Уште едно признание за успесите на учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. Во средата на 05.02.2020 година во Скопје во просториите на Министерство за образование и наука од страна на министерот г-н Арбер Адеми беа доделени дипломите на учениците кои беа победници на Државниот натпревар „Лидер на струка“ во 2019 година. Меѓу […]
На 22.01.2020 во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше висока владина делгација предводена од вицепремиерката за економски прашање г-ѓа Мила Царовска, претставници од локалната самоуправа на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот г-н Ристо Николески, претставникот на германското стопанство г-н Патрик Мартинс како и претставници на компаниите „Костал“, „ОДВ Електрик“ и „ЛТХ […]
Се известуваат сите ученици при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дека наставата во второто полугодие од учебната 2019/2020 година започнува на 21.01.2020 година (вторник) според следниот распоред: Прва смена со почеток во 07:30 II (втора) и IV (четврта) година од сите струки Втора смена со почеток во 13:30 I (прва) и III (трета) година од сите струки На […]