Вести
На 14.05.2021 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше одржан отворен ден за учениците од деветто одделение од основните училишта во општина Охрид. На овој отворен ден присуствуваа и министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска, градоначалникот на општина Охрид г-н Константин Георгиески и генералниот менаџер на „Костал“, г-нот Виктор […]
На регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта кој е организиран од акредитираното здружение-Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност-ЕЛТАМ, нашиот ученик Виктор Попов од прва година го освои првото место, а Андреј Цацаноски иста така ученик од прва година го освои второто место. Двајцата ученици беа под менторство на професорката […]
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2021/22 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2021/22 година Во I година во учебната 2021/22 година ќе се запишат вкупно 280 ученици во 9 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за […]
Ученици од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ на покана на Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид, изминатиов видекенд на 3-ти и 4-ти април учествуваа на мултикултурен камп за средношколци, студенти и млади, во рамките на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, финансиран од Цивика Мобилитас. 24 учесници од различни етнички заедници на […]
Општинскиот Eлектро-машински училиштен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид и СОУ „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци се првите две средношколски образовни установи во земјата што од пред три години во наставата го воведоа концептот за дуално образование. Станува збор за пилот-проект што заеднички го реализираат Владата преку Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование […]
Завршија предвидените активности за комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Нови подни облоги од пвц материјал се поставени во сите училници, кабинети и канцелариски простории, со вкупна површина од околу 1000 м2. Оваа инвестиција беше дел од Програмата за образование на Општина Охрид за 2020 година и за нејзина реализација од општинскиот […]
Oва година нашиот Патронен празник , денот на Св. Наум Охридски, во услови на светска пандемија го прославуваме на еден поинаков начин. Учениците од нашиот училиштен центар преку видео линкови со снимени музички и ликовни творби се вклучија во одбележувањето на нашиот Патронен празник Нека ни е честит денот, вечно да го славиме. Обраќање на […]
На ден 15.10.2020 година беше промовирана третата генерација ученици во дуално образование од прфилите Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство. Од страна на директорот на Делегацијата на германското стопанство г-дин Патрик Мартенс, на учениците од новата генерација,им беа доделени школски ранци со училишен прибор.На свеченоста беа присутни и претставници од компаниите ЛТХ-Леарница […]
На 08.10.2020 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше предадена донација од 7 лаптоп компјутери од страна на претставниците на компанијата „Костал“ Лаптоп компјутерите им беа доделени на дел од учениците од дуално образование кои посетуваат практична настава во компанијата Костал. Изразуваме посебна благодарност до компанијата Костал […]