Blog
Вицепремиерката Мила Царовска во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- January 22, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На 22.01.2020 во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше висока владина делгација предводена од вицепремиерката за економски прашање г-ѓа Мила Царовска, претставници од локалната самоуправа на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот г-н Ристо Николески, претставникот на германското стопанство г-н Патрик Мартинс како и претставници на компаниите „Костал“, „ОДВ Електрик“ и „ЛТХ Леарница“.
При постета таа оствари средба со директорот на Центарот професор Сашо Недески и со дел од професорите кои одржуваат настава по стручни предмети во паралелките од дуалното образование во образовните профили „Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар за производно машинство“.
Целта на посетата беше да се дискутира за начинот на спроведување на концептот на дуално образование во средно стручното образование, начинот на изведувањето на практичната и феријалната настава во компаниите партнери на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како и организирањето на часовите за практични вежби во рамките на редовната настава.
При дискусијата ученисниците разменија мислења во врска со потребните услови за подобро и поуспешно реализирање на наставата и целиот концепт на дуално образование.
Во рамките на посетата вицепремиерката Мила Царовска ги посети кабинетите во рамките на нашиот Центар каде што се изведуваат часовите по практични вежби при што разговараше и со учениците од втора година од образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника“, а се запозна и со моменталните услови за изведување на наставата.