Blog
Работилница за квалификацијата „Техничар за индустриска мехатроника“
- March 2, 2020
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во организација на Делегацијата на германското стопанство во периодот од 27 до 29 февруари во хотел „Монтана“ во Крушево се одржа работилница за развивање на наставните програми за трета година од квалификацијата од дуалното образиованиe „Техничар за индустриска мехатроника“. Поделени во повеќе работни групи, учесниците кои беа претставници од компаниите партнери во дуалното образование Дрекслермајер, Костал, Витаминка, Гентерм и Кромберг и Шуберт, наставници од средните стручни училишта „Св. Наум Охридски“ од Охрид, „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци, „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп и „Ѓорѓи Наумов“ од Битола како и претставници од Центарот за стручно образование и обука, интензивно работеа на развивање на содржините за училишна настава и практична обука за трета година во рамките на оваа четири годишна квалификација.
На оваа работилница зедоа учество наставниците Јулијана Петреска и Љупчо Балески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Преку засилената соработка помеѓу индустрискиот сектор и државните институции како и координацијата од страна на Делегацијата на германското стопанство до особен израз дојде карактеристиката на дуалното стручно образование како јавно-приватно партнерство.