Почитувани ученици и родители.
Наставниот процес во училиштето е прекинат, но тој треба да продолжи и да се реализира за оваа учебна година.
Во таа насока започна реализацијата на проектот online – настава од страна на професорите во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ со тоа што класните раководители формираат ФБ-групи по класови. На тој начин се остварува директна комуникација со професорите кои предаваат во истите. Во групите ќе бидат дадени упатства и задолженија во согласност со наставните планови и програми во смисла на нивна понатамошна реализација.
Исто така по одредени предмети професорите имаат креирано свои блог страни за што учениците се или ќе бидат навремено информирани.
Ви посакуваме успех во online – учењето.