Вести
Во соработка со транспортните претпријатија „Галеб“ АД Охрид, Омега Експрес и Ина Пупе Компани од Охрид во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа реновирани две училници. Реновирањето опфати поправка на подовите со поставување на ламинат кој беше донација од страна на компаниите како и поправка на електричната и компјутерската инсталација. На овој начин се изврши подобрување […]
Се известуваат сите ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дека новата учебна 2019-2020 година започнува во понеделник 02.09.2019 година и тоа: Прва смена во 07:30 часот: I (прва) и III (трета) година од сите струки Втора смена во 13:30 часот: II (втора) и IV (четврта) година од сите струки На сите ученици им посакуваме успех во […]
Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза. На 21.08.2019 година градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на […]
Резултатите од полагањето на испитите во состав на Државната матура во августовскиот испитен рок:
Локациите за полагање на екстерните испити од Државна матура во августовскиот испитен рок се следните: Математика: се полага во СУГС „Никола Карев“ во Скопје, Општина Карпош на 15.08.2019 година Македонски јазик, Англиски јазик, Биснис, Историја: се полага во СОУ „Нико Нестор“ во Струга
Се известуваат сите ученици кои ги положија испитите од Државната матура дека доделувањето на дипломите за Државна матура ќе се изврши на ден 17.07.2019 година (среда) во времето од 08:00 до 12:00 часот. На учениците им го честитаме завршувањето на средното образование и им посакуваме понатамошни успеси во животот.
Список на ученици кои ги положиле испитите: МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА: АНГЛИСКИ ЈАЗИК: МАТЕМАТИКА: БИЗНИС: ИСТОРИЈА: Список на ученици кои не ги положиле испитите од државната матура МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА: АНГЛИСКИ ЈАЗИК: МАТЕМАТИКА: БИЗНИС:
Се известуваат сите ученици кои го положија Завршниот испит дека доделувањето на дипломите за Завршен испит ќе се изврши на ден 05.07.2019 година (петок) во времето од 08:00 до 12:00 часот. На учениците им го честитаме завршувањето на средното образование и им посакуваме понатамошни успеси во животот.
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2019/20 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година трето пријавување во учебната 2019/20 година Во I година во учебната 2019/20 година во третото пријавување ќе се запишат вкупно 233 ученици во 13 паралелки (165 ученици во 11 паралелки со настава на македонски […]
Првата генерација ученици кои следат настава според новите наставни програми за дуално образование и кои ќе се здобијат со титула Техничар за индустриска мехатроника, веќе изведуваат феријална пракса во трите компании Костал, ЛТХ Леарница и ОДВ Електрик. Феријалната пракса ќе се изведува секоја година за време на летниот распуст на учениците и ќе трае 2-3 […]