На 14.05.2021 година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше одржан отворен ден за учениците од деветто одделение од основните училишта во општина Охрид.
На овој отворен ден присуствуваа и министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска, градоначалникот на општина Охрид г-н Константин Георгиески и генералниот менаџер на „Костал“, г-нот Виктор Мизо при што под мотото „Учи паметно, работи стручно“ беше извршена промоција на новите паралелки од Дуалното образование во учебната 2021/2022 година.
На учениците од основните училишта им беа презентирани кабинетите во нашиот Центар каде што се изведуваат наставата по стручните предмети како и проекти со кои нашите ученици се презентираа на голем број државни и меѓународни натпревари.