Blog
Уписи за I година во учебната 2021-2022 година
- April 15, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2021/22 година, објавува:
ОГЛАС
За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2021/22 година
Во I година во учебната 2021/22 година ќе се запишат вкупно 280 ученици во 9 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 59 ученици, 2 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА – 161 ученик, 5 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 30 ученици, 1 паралелка
СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 30 ученици, 1 паралелки
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ја изготвува и објавува МОН на официјалната ВЕБ страна а ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
-извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари( по предметите: мајчин јазик, англиски јазик и по предметите кои се значајни за струката) .
Се препорачува пријавувањето да се врши лично од ученикот т.е родителот или старателот.
ПРИЈАВУВАЊЕ: Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 14 јуни од 12 до 19 часот, 15 и 16 јуни 2021 година од 07,00 до 19,00 часот,согласно изготвениот распоред од училиштето, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година,од 16 до 19 часот.
Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 23 и 24 јуни 2021 година од 07,00 до 19,00 часот и 25 јуни од 7,00 до 15,00 часот, согласно изготвениот распоред од училиштето, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година од 16 до 19 часот.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година од 07,00 до 19,00 часот, согласно изготвениот распоред од училиштето, а резултатите од уписот и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.Учениците кои полагаат поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување можат да се запишат после јунскиот рок на 23 август 2021 година, со соодветна документација.
За повеќе информации за наставните профили и за критериумите за запишување погледнете го огласот за запишување на ученици во прва година во учебната 2021-2022 година
Оглас за упис на ученици во прва година во учебната 2021 2022



