Blog
Регионален натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта
- April 17, 2021
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта кој е организиран од акредитираното здружение-Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност-ЕЛТАМ, нашиот ученик Виктор Попов од прва година го освои првото место, а Андреј Цацаноски иста така ученик од прва година го освои второто место. Двајцата ученици беа под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска. Ученикот Христијан Дончевски од втора година исто така го освои првото место, а ученикот Јорданчо Тодороски од втора година го освои второто место. Двајцата ученици беа под менторство на професорката Мануела Брдароска Јанкоска.
Со овој успех сите четворица ученици се стекнаа со право за учество на државниот натпревар.
Честитики за учениците и менторите и многу успех и на државниот натпревар.
