Ученици од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ на покана на Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид, изминатиов видекенд на 3-ти и 4-ти април учествуваа на мултикултурен камп за средношколци, студенти и млади, во рамките на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, финансиран од Цивика Мобилитас.
24 учесници од различни етнички заедници на овој настан кој се реализираше со физичко присуство во Охрид, имаа можност да се запознаат со теми поврзани со говорот на омраза, стереотипите, предрасудите, конфликтите, ефективната комуникација, градењето доверба и лидерството и да креираат процеси на тимска работа