Blog
Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни”
- November 29, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
На ден 29.11.2023 г. учениците:
Ангел Крстески од III-4, Един Мифтароски од III-4, Арсениј Ѓоршески од III-1, Александар Спасеновски од III-3 и Лија Камбер од III-K, учествуваа на конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни” која беше составена од:
1. Дискусија со тројца претставници од светот на бизнисот и претприемништвото кои го споделија своето искуство за успешни приказни на млади луѓе од Охрид од Старт ап идеи до вработување во познати компании;
2. Младински круг на тема: Претприемништво и вработување млади: Дискутирање за предизвиците и можностите за вработување на младите, промовирање на претприемништвото и истражување на стратегии за поттикнување на претприемачкиот начин на размислување кај младите.
3. Работилница за развивање бизнис идеја.
Учениците се стекнаа со знаења и вештини за претприемништвото и научија многу корисни работи кои ќе им бидат од полза во иднина.
Настанот беше организиран од страна на Младинскиот центар од Охрид.