Blog
Финансиска писменост за млади претприемачи
- December 4, 2023
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 30.11.2023 до 03.12.2023 Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија спроведе Обука, којашто беше реализирана во рамки на проектот: ,,Финансиска писменост за млади претприемачи” во која беа вклучени и професорките Ирена Ралева-Најдевска и Меланија Анѓелкоска кои се вработени во нашиот Центар.
Целта на обуката беше да се обучат учесниците од средните училишта и факултетите како да симулираат микробизнис игри до нивните ученици и да ги искусат основните функции на водење мал бизнис. Обуката е базирана на искуствено учење преку игра, симулации и решавање бизнис проблеми.
Идејата е преку директно вклучување на младите и преку ставање во улога на претприемачи, тие самите да искусат што значи да се води сопствен мал бизнис, да ги разбираат и водат неговите финансии и да се научат да размислуваат претприемачки.
Овие програми се дизајнирани од страна на германскиот Sparkassenstiftung и веќе гарантирано даваат резлтати од почетокот на 2020 година. ЦЕФЕ Македонија е овластен спроведувач на оваа програма за Македонија, а обучувачите Елена Гагачева и Јован Сталевски го реализираа четиридневниот тренинг.
По спроведување на обуката за обучувачи, професорките се стекнаа со сертификат за обучувачи и имаат можност да ги десиминираат стекнатите знаења врз своите ученици.
Проектот е поддржан и кофинансиран од страна на Американската Амбасада во Скопје.
U.S. Embassy North Macedonia






