Во периодот од 25.12.2023 до 29.12.2023 година, во нашиот Центар, успешно беше реализирана хуманитарна предновогодишна акција, организирана од Ученичката Заедница на училиштето. Бидејки месецот декември е месец на желби, дарувања и насмевки, на иницијатива од Ученичката Заедница заедно со стручната служба, беше поставена кутија во холот на училиштето, во која што сите ученици имаа можност да остават по нешто(сокчиња, смоки, чоколади, сликовници и слично) и потоа беа изработени новогодишни пакетчиња. Пакетчињата беа однесени таму каде што им е најпотребно, еден дел во здружението,, Тајните на моето срце” и во организацијата ,, Црвен Крст”. На сите дечиња им ги честитаме Новогодишните и Божиќните празници, со желба за подобро здравје, многу среќа и повеќе насмевки.