Вести
Во периодот од 6-ти до 9-ти октомври, група од 15 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, заедно со директорот Сашо Недески и професорите: Наташа Гредоска, Билјана Божиноска, Сашо Ангелоски и Ангеле Буџакоски, на покана од Техничка школа „Ваљево“ од Ваљево, учествуваа на свечениот ден на училиштето и отворањето на тренинг-центарот во училиштето во […]
Климентина Модева, е ученичка во III -3 во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Покрај училишните обврски, редовната физичка активност е нејзино секојдневие. Вклучувањето во спортските активности од најрана возраст (пливање, гимнастика, планинарење, скијање) ја научиле дека ниеден успех не се постигнува преку ноќ, туку, потребно е време, посветеност и упорност. Од својата […]
На ден 29.9.2022 г. во просториите на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”, беше одржано бесплатно едукативно предавање од страна на Црвениот крст од Охрид за учениците од прва до четврта година за укажување прва помош и на учениците им беше објаснето за тоа колку е важно да знаат да помогнат некому доколку се најдат во таква […]
На ден 16.9.2022 г. претставници од Младинската организација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беа дел од дискусијата која е дел од проектот ,,Младите може да бидат слушнати” каде што активно се вклучија во дискусијата, дадоа свои предлози и идеи за подобрување на правата на младите во општеството и како градот да биде подобро место за […]
На 01.09 и 02.09.2022 година ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше домаќин на третиот работен состанок за имплементација на проектот за дигитално училиште DigitalVet кој се спроведува во рамките на Еразмус+ програмата. На овој работен состанок освен претставниците од нашиот училиштен центар, зедоа учество и претставници од Средното техничко училиште од Колчук и Робкод од […]
На ден 29.8.2022 г. во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше одржана прослава во чест на матурантите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. На овој настан се обратија секретарот на општина Охрид, г. Александар Китески како и директорот на нашето училиште, г. Сашо Недески. Поздравен говор на директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум […]
Се известуваат учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ дека новата учебна 2022-2023 година започнува во четврток 01.09.2022 година и тоа: I смена (I и III година од сите струки и профили) со почеток во 07:30 часот II смена (II и IV година од сите струки и профили) со почеток во 13:30 часот Список на […]
Денеска, во рамките на своите воннаставни активности, Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по македонски јазик и литература, вработена во нашиот центар беше во посета на 55. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Учениците: Дарко Крлески од I-2, Дамјан Коцаревски од I-5, Наум Радески од I-5, Емилија Костоска од I-C и Андријана […]
Билјана Божиноска наставник по Граѓанско образование и Ирена Ралева – Најдевска наставник по Македонски јазик и литератира со двајца свои ученици Бобан Кочески од II-3 и Андријана Огненоска од I-С, учествуваа на Конференцијата за граѓанско образование, која се одржа на 23-ти август, 2022 г. (вторник) во Хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата се одржа под […]
Во насока на подобрувањето на условите за изведување на наставата во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се спроведе уште една вредна инвестиција. Се набавија 14 интерактивни табли и LCD проектори чија монтажа и инсталација е во тек. Целокупната инвестиција е во вредност од 1 100 000 денари и е обезбедена преку секторот за образование на Општина Охрид. Интерактивните […]