Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Регионален натпревар за електротехничка, машинска и сообраќајна струка
Регионален натпревар за електротехничка, машинска и сообраќајна струка
- March 28, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
На 28.03.2025 година, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше домаќин на регионалните натпревари за учениците од електротехничка, машинска и сообраќајна струка, На овој натпревар покрај учениците од нашето училиште учествуваа и ученици од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и СОУ „Таки Даскало“ од Битола. Нашите ученици постигнаа одлични резултати.
Учениците:
- Кети Јоноска од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Јулијана Петреска, Владо Јанкулоски, Билјана Ристоска и Јане Цаноски
- Мелсат Диковски од образовниот профил Машински техничар за моторни возила под менсторство на професорите Ангеле Буџакоски, Душко Цветаноски и Петар Пројкоски
- Сара Ѓорѓиеска од образовниот профил Техничар за патен сообраќај под менсторство на професорите Наташа Гредоска, Весна Нанеска и Ѓоко Милески
го освоија првото место, а ученикот
- Владимир Котоски од образовниот профил Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Горан Јанковски и Сашо Ѓоргиески го освои второто место.
На сите ученици и нивните ментори им честитаме за постигнатиот успех . Сите ученици се здобија со право на учество на Државниот натпревар.
На Државниот натпревар ќе учествуваат и учениците:
- Сара Илоска од образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации
- Адријан Дине од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника
- Наум Димитријески од образовниот профил Машински техничар
- Наум Сарафилоски од образовниот профил Техничар за компјутерско управување
- Јана Василева од образовниот профил Техничар за производно машинство
На сите ученици им посакуваме успех и на Државниот натпревар

