Blog
Конкурс за пријавување на ученици на Еразмус проект
- March 25, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Врз основа на член 7 и член 8 од Правилникот за работа на меѓународни проекти и соработки донесен од Училишниот одбор и заверен под број 01-955/1 од 18.10.2023 година, Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид распишува:
К О Н К У Р С
За избор на 6 ученици, кои ќе бидат вклучени во Проектот KA152-YOU – Mobility of young people (KA152-YOU), Healthy mind, bright future – Raising awareness among young people about mental health care, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Erasmus+ програмата.
Оваа младинска размена ќе се одржи во Конгресниот центар во Охрид во периодот од 8.6.2025 г. до 13.6.2025 г. на која ќе бидат вклучени ученици од: Естонија, Турција, Бугарија, Хрватска и Романија.
Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за учество во овој проект треба да достават:
- Кратка биографија
- Мотивациско писмо (Зошто сакаш да се вклучиш во овој проект? На кој начин можеш да придонесеш во проектов? Темата на овој проект е подигнување на јавната сбвест за важноста од грижата за нашето ментално здравје.
- Ковертот со документацијата се доставува во канцеларијата на Сменоводителите во посебна назначена кутија за Erasmus не подоцна од 21.4.2025 година.
- На ковертот задолжително да се наведе за кој конкурс се однесува подготвената документација (ERASMUS)
Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:
- познавање на англиски јазик
- учество во претходни Erasmus проекти
- успех од претходната година
- поведение
- мотивациско писмо
Во случај на исполнување на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици односно ученици со помали можности.
Директор
Сашо Недески