Blog
Успешно завршена втората мобилност од Еразмус + проектот „Know disaster now disaster“ во Будимпешта, Унгарија
- April 14, 2025
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во периодот од 07.04-11.04.2025 година беше успешно реализирана втората мобилност од Еразмус + проектот „Know disaster now disaster“ во Будимпешта, Унгарија
Голема благодарност до двојазичното стручно училиште за хемија, заштита на животната средина и информатичка технологија „Петрик Лајош“, како и до нашиот домаќин, Адам Солнок, за нивното гостопримство, посветеност и одлична организација во реализацијата на сите планирани активности.
За време на петте дена во Будимпешта, присуствувавме на работилница на тема „Климатски промени во Унгарија: од 19 век до денес“ и „Моделирање на временска прогноза и клима“ организирана од Унгарскиот метеоролошки институт.
Исто така, имавме привилегија да го посетиме Одделот за метеорологија на Универзитетскиот институт за географија и науки за Земјата „Еотвош Лоранд“.
Едно од искуствата кое ќе остане најмногу во меморијата на нашите ученици беше посетата на противпожарна служба во Будимпешта. Во XVII Противпожарната станица, нашите ученици имаа можност да се запознаат со противпожарната опрема, да ја разгледаат содржината на противпожарно возило и да дознаат за предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите секојдневно.
Патувавме со воз до историскиот град Естергом, кој се наоѓа на границата со Словачка, збогатувајќи го нашето културно искуство.
Нашите ученици учествуваа и на работилницата во училиштето, каде што работеа на развој на апликација-игра за природни катастрофи.
На завршниот настан, на сите учесници им беа доделени сертификати.
Одговорни наставници за реализација на овие активности беа Озлем Озар Окумуш и Умит Услу од Турција, Адријана Гију и Даниела Марија Попа од Романија, Јорднка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески од Македонија и Адам Солнок и Ноеми Берсне Бодо од Унгарија. Сите заедно сме неверојатен тим! Заедно, можеме да постигнеме сè што ќе замислиме.
Честитки на сите, за исклучително добро завршената работа!
#Eu #ErasmusPlus #Knowdisasternowdisaster







