Нашето училиште „ОЕМУЦ Св. Наум Охридски“ е наградено со етикетата еТвининг училиште за 2025-2026 година. Ова е големо достигнување на еТвининг тимот во нашето училиште!
Сега со гордост можеме да кажеме дека официјално сме еТвинери. А како дел од групата на еТвининг училишта ќе можеме да учествуваме во различните активности на таа тема.
Благодарност до наставниците кои со нивната посветеност го промовираат еТвининг и неговите вредности!