Blog
На 12.04.2019 година (петок) нашето училиште со свои претставници учествуваше на овогодинешното „Образовно рандеву“ во организација на МАССУМ, кое се одржа во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево. Нашите ученици под менторство на професорите Билјана Попоска, Билјана Божиноска и Бојан […]
На 16.04.2019 година (вторник) во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид на директорот професор Сашо Недески му беше предадаена донација од Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Донацијата во вредност од 1 124 евра во денарска противредност се состои од 5 комплети со алатки за изведување на практичната обука за профилот Техничар за […]
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2019/20 година, објавува: ОГЛАС За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2019/20 година Во I година во учебната 2019/20 година ќе се запишат вкупно 424 ученици во 13 паралелки (356 […]
Во соработка со козметичкиот салон ДООЕЛ” СПА ИЗИДА” во сопственост на Сузана Наумоска, која е едукатор и практичен обучувач на ученици од средното училиште “ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” и во рамките на програмата ЕRASMUS, учениците од Италија и Македонија повторно се споија. При тоа учениците од Италија, го посетија нашето училиште ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски […]
Чистата животна средина и подигањето на еколошката свест кај младите, како и значењето на екологијата во секојдневниот живот е една од главните заложби на ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“. Од тие причини, а по повод „Денот на екологијата-Денот на пролетта“ на 21.03.2019г, младинската оганизација во нашето училиште организираше акција за расчистување и […]
На покана на „Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија – Inclusion“, ученици од ОЕМУЦ„ Св Наум Охридски“ учествуваа на отворената дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”. Дебата се одржа на 02.03.2019 година, во големата сала на општина Охрид. На дебатата се истакнаа низа конструктивни идеи за унапредување на животот на охриѓани и […]
На ден 22.02.2019 година (петок) учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои учат во образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника“ заедно со родители, наставници, директорот на Центарот и претставници од делегацијата на германската стопанска комора беа во организирана посета на компаниите ОДВ Електрик, ЛТХ Леарница и Костал во Охрид. Целта на […]
Им се соопштува на редовните и вонредните кандидати од завршна година кои ќе полагаат државна матура или завршен испит дека најдоцна до 07.03.2019 година треба да ја предадат проектната задача испечатена во три примероци кај секретарот на Училишната матурска комисија. Презенатацијата и одбраната на проектната задача ќе се реализира во периодот од 13.03.2019 година до 24.04.2019 година. Од Училишната матурска комисија
После долгогодишните најави во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид се започна со изградба на спортска сала, која се гради како дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со Локалната самоуправа на општина Охрид. Спортската сала е објект со големина од 650м2 […]
Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија во периодот од 16 до 18 јануари во Охрид се одржа работилница за развивање на наставните програми за новата квалификација “Техничар за индустриска мехатроника”. Поделени во повеќе работни групи, учесниците од компаниите Дрекселмајер, ЛТХ Леарница и Костал, од стручните училишта Киро Спанџов-Брко и Св. Наум Охридски […]