Blog
Размена на знаења преку програмата Еразмус
- March 26, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во соработка со козметичкиот салон ДООЕЛ” СПА ИЗИДА” во сопственост на Сузана Наумоска, која е едукатор и практичен обучувач на ученици од средното училиште “ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” и во рамките на програмата ЕRASMUS, учениците од Италија и Македонија повторно се споија.
При тоа учениците од Италија, го посетија нашето училиште ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски “и беа воодушевени од струките кое самото училиште ги нуди. Најпрво преку презентација беа запознаени со убавините и значајните места на Охрид, а потоа и со специфичностите на секоја од струките. Ги разгледаа кабинетите на електротехничката, машинската, сообраќајната и козметичката струка.
Со насмевнати лица излегоа од просториите на нашето училиште.
Соработката ќе продолжи и во наредните денови со разменување и запознавање нови вештини, работни активности и искуства во козметичките и фризерските салони во градот.







