На ден 22.02.2019 година (петок) учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои учат во образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника“ заедно со родители, наставници, директорот на Центарот и претставници од делегацијата на германската стопанска комора беа во организирана посета на компаниите ОДВ Електрик, ЛТХ Леарница и Костал во Охрид.
Целта на посетата беше учениците да се запознаат со овие компании бидејќи започнувајќи од наредната учебна година својата практична настава учениците ќе треба да ја изведуваат во рамките на овие компании.
При посетата на овие компании учениците се стекнаа со информации поврзани со нивниот историјат како и со видот на производство, а исто така им беше презентиран и целокупниот производствен процес.