Blog
Конкурс за запишување на ученици во прва година
- April 18, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Училишната комисија за спроведување на конкурсот за упис на ученици во Општинскиот Електромашински училиштен Центар “ Св.Наум Охридски“ – Охрид, за учебната 2019/20 година, објавува:
ОГЛАС
За запишување на редовни ученици во I година во учебната 2019/20 година
Во I година во учебната 2019/20 година ќе се запишат вкупно 424 ученици во 13 паралелки (356 ученици во 11 паралелки со настава на македонски наставен јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за :
МАШИНСКА СТРУКА – 93 ученици, 3 паралелки
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА – 229 ученици, 7 паралелки
ЛИЧНИ УСЛУГИ – 34 ученици, 1 паралелка
СООБРАЌАЈНА СТРУКА – 68 ученици, 2 паралелки
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:
При пријавувањето учениците треба да ги достават следните документи :
-Пријава за запишување ( пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални сведителства од VI до IX одделение;
-извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето).
– дипломи од освоени I, II и III место од меѓународни и државни натпревари .
Се препорачува пријавувањето да се врши лично од ученикот т.е родителот или старателот.
Повеќе информации за наставните профили, критериумите како и за термините за запишување може да се добијат на следниот линк , Конкурс за запишување на ученици во прва година во учебната 2019-2020 година.