Blog
Се известуваат учениците дека второто полугодие од учебната 2018/2019 година започнува на 21.01.2019 година (Понеделник) со следниот распоред: -Прва смена од 07:30 часот – втора и четврта година (електротехничка струка, машинска струка, сообраќајна струка и лични услуги). -Втора смена од 13:30 часот -прва и трета година (електротехничка струка, машинска струка, сообраќајна струка и лични услуги). Ви посакуваме успех […]
На ден 28.12.2018 година (петок) ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ со скромна церемонија го одбележа својот патронен празник. На церемонијата од страна на директорот професор Сашо Недески беше одржан пригоден говор за животот и делото на патронот на Центарот Свети Наум Охридски. Во рамките на церемонијата беа доделени пригодни награди и пофалници за најдобрите ученици во […]
Се известуваат сите редовни и вонредни ученици дека се објавени термините за полагање на испитите од Државната матура во јунскиот испитен рок: 01.06.2019 година Англиски јазик 08.06.2019 година Македонски јазик и литература 11.06.2019 година Историја и Бизнис 13.06.2019 година Математика Во периодот од 17.06.2019 година до 28.06.2019 година се полагаат интерните испити. Повеќе информации може да се добијат на следниот линк , Државна матура.
Во периодот од 12.12.2018 година до 15.12.2018 година во хотел „Мериот“ во Скопје се одржа обука за наставници во рамките на проектот „Дуалното стручно образование-инвестиција во Вашата иднина“. Обуката ја спроведе господинот Едвин Лемке, а организатор на истата беше Делегацијата на германското стопанство во Македонија. На обуката зедоа учество и професорите Јулијана Петреска, Сашо Ѓорѓиевски, […]
На 03.12.2018 година во ОСТУ “Наце Буѓони” во Куманово, по петти пат се одржа натпреварот за избор на Лидер на струката од завршните години од средното стручно образование (електротехничката, машинската и сообраќајната струка), на кој успешно учество имаа и учениците на средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид. Во машинската струка во образовниот профил машински техничар, […]
На ден 01.12.2018 година, 34 професори од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ зедоа учество во обуката на тема „Реализација на наставата-современи стратегии, методски пристапи и образовна технологија“ односно создавање на иновативни училишта и подготвување на учениците за 21-от век. Обуката беше спроведена од страна на Анѓелина Филкоска-Соколовиќ, Марија Чанова и Ана Христоска. Целта на обуката беше […]
Во рамките на проектот „ Чиста средина, добар изглед,впечатлива култура и вреден пример за иднината“- организиран од Здружението на акцијаши „Брег на младоста“- Охрид, а поддржан од општина Охрид, младинската организација на ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ со свои претставници, ученици од I-5: Асим Шефко, Јосифоска Антоанела, Шулеска Евгенија, Ристески Виктор и Андреј Георгиев, учествуваше на […]
На ден 10.11.2018 година во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје во рамките на настанот „Ноември-месец на науката“ во организација на Друштвото на физичари на Македонија се одржа 42-та Школа „Млади физичари“. На школата зедоа учество и учениците од Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид, Едип Идризоски и Иван Станојковски под менторство […]
Под покровителство на градоначалникот на општина Охрид, професор др. Јован Стојаноски, од 24.10.2018 година до 26.10.2018 година во ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, се одржа подготвителен состанок за меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор 2019“ на кој учествуваа професори – ментори и директорите на Електро – машинските училишни центри од девет балкански држави. Претходен […]
Се известуваат учениците дека новата учебна година започнува на 03.09,2018 година (Понеделник) со следниот распоред: -Прва смена од 07:30h – прва и трета година (електротехничка струка,машинска струка,сообраќајна струка и лични услуги). -Втора смена од 13:30h -втора и четврта година (електротехничка струка,машинска струка,сообраќајна струка и лични услуги). Ви посакуваме успех во новата учебна година !