Blog
Работилница за квалификацијата „Техничар за индустриска мехатроника“
- January 30, 2019
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
Во организација на Делегацијата на германското стопанство во Македонија во периодот од 16 до 18 јануари во Охрид се одржа работилница за развивање на наставните програми за новата квалификација “Техничар за индустриска мехатроника”. Поделени во повеќе работни групи, учесниците од компаниите Дрекселмајер, ЛТХ Леарница и Костал, од стручните училишта Киро Спанџов-Брко и Св. Наум Охридски како и од Центарот за стручно образование, интензивно работеа на развивање на содржините за училишна настава и практична обука во рамки на 4-годишната квалификација.
На оваа работилница зедоа учество наставниците Јулијана Петреска, Ванѓел Костоски, Стојан Новески и Љупчо Балески од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.
Преку засилената соработка помеѓу индустрискиот сектор и државните институции како и координацијата од страна на Делегацијата на германското стопанство во Македонија до особен израз дојде карактеристиката на дуалното стручно образование како јавно-приватно партнерство
