Blog
На 06.05.2022 година, во Велес се одржаа XXIX Државни натпревари на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта како и овогодинешното Образовно рандеву МАССУМ 2022 година. Домаќин на XXIX Државни натпревари беше ССОУ „Коле Неделковски“ и на овој натпревар зедоа учество и учениците од електротехничката, машинската и сообраќајната струка од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од […]
Почитувани ученици, Согласно наставните планови за сите ученици од прва, втора и трета година од сите струки и профили предвидено е изведување на феријална пракса за време на летниот распуст на учениците. При изведувањето на феријалната пракса секој ученик треба да водат и Дневник за изведување на феријлна пракса. Примерокот од Дневникот можете да го […]
На 25.03.2022 година, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар за учениците од трета година од електротехничката и сообраќајната струка. На овој натпревар освен нашиот училиштен центар, зедоа учество и учениците од средните училишта „Ѓорѓи Наумов“ и „Таки Даскало“ од Битола и „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. При тоа нашите ученици: […]
На 16.03.2022 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на компанијата „Костал“ беше предадена вредна донација која се состои од компјутерска опрема. Опремата е составена од 13 преносни компјутери (лаптопи), 9 десктоп компјутери, 4 рутери, еден сервер и останата мрежна опрема. Таа е наменета за подобрување на компјутерската […]
Со пригодна свеченост во просториите на Општина Охрид, денес, беа врачени сертификатите на наставниците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои беа дел од обуката за наставници и ученици во „Костал“ Македонија – „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обуката се реализира во рамки на проектот за унапредување на средното стручно образование во општините. Проектот е подржан […]
На 09.02.2022 година во НУ Библиотека ‚,Григор Прличев’’ – Охрид, како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“. Со предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно […]
На 31.01.2022 година на настан организиран од Стопанската комора, КФВ банка и Фондот за предизвици на конзорциумот составен од нашето училиште и компаниите Костал, ЛТХ -Леарница и ОДВ – Електрик на кој присуствуваа директорите на компаниите беше доделена номинацијата за проект за опремување со современи машини во училишната работилница по што следува потпишување на договор […]
Се известуваат учениците и наставниците дека второто полугодие од учебната 2021-2022 година започнува во вторник 01.02.2022 година со следниот распоред на смени: I смена со почеток во 07:30 часот се II (втора) и IV (четврта) година од сите смерови и профили II смена со почеток во 13:30 часот се I (прва) и III (трета) година […]
И оваа година нашиот Патронен празник , денот на Св. Наум Охридски, во услови на светска пандемија го прославуваме на еден поинаков начин. Учениците од нашиот училиштен центар преку видео линкови се вклучија во одбележувањето на нашиот Патронен празник Нека ни е честит денот, вечно да го славиме. Обраќање на директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум […]