Blog
ОЕМУЦ Св. Наум Охридски > Blog > Вести > Доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024
Доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024
- August 25, 2024
- Posted by: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
- Category: Вести
No Comments
Со интонирање на химната на Македонија започна прославата по повод свеченото доделување на дипломи на матурантите при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ генерација 2023/2024.
Со свое пригодно обраќање заменик градоначалничката Ана Крстеска им се обрати на матурантите и им посака многу среќа и успех во животот.
„Во овие четири години што поминаа, се соочивте со нови предизвици, предизвици, кои ви беа непознати, се фокусиравте на четиригодишна специјализација во струката што ja избравте, затоа што вие, драги матуранти, ги препознавте можностите кои ги нуди нашето училиште, својата иднина ја насочивте кон стручното образование и можноста за професионална наобразба во современ и модерен Центар каков што е нашиот. Горд сум на успехот на нашите заложби за модернизација на Центарот во кој има одлични услови за работа, на заложбите на целиот колектив, кој секогаш беше со вас и до вас не штедејќи се да ви пренесе знаења и вештини за вие да станете способни за работа и практично да го примените сето она што го научивте во училишните клупи. Од особено значење е и партнерството со компаниите каде ја реализиравте практичната настава, кои не себично ви ги пренесоа нивните знаења и искуства за што изразувам голема благодарност до нив.“- истакна во своето обраќање на матурантите директорот Сашо Недески.
На учениците Ана Новеска и Бобан Кочески им беше доделена диплома за првенец на генерација, а диплома за континуиран одличен успех и примерно поведение им се додели на учениците: Владимир Смилевски, Никола Каланоски, Петар Танаскоски, Драган Кутаноски, Бојан Петроски, Александар Трпески, Јован Маркоски, Марија Дојчиноска и Емилија Данилоска.
Благодарница за особен придонес и поддршка на матурантие беше доделена на Горан Трпески од компанијата „Трпе Инвест“.
Со забавниот дел продолжи прославата на матурантите, која заврши со традиционалното фрлање на капи.















